ВИДЕО: Шефилд по трите кикса го надигра Вест Хем и им се врати на победите

Шефилд Јунајтед ги освои трите бода по драматичниот дуел против Вест Хем и победи минимално со 1-0, во првиот натпревар од 22. коло во Премиер лигата. Иако беа подобар противник, гостите од Лондон во финишот беа многу блиску до бод. Тие дури постигнаа гол преку Снодграс, погодок кој беше поништен во 92. минута. Сега екипата на Шефилд е на петтата позиција, каде што ќе се задржи барем до одигрувањето на останатите средби. 

  • Извештај од натпреварот:

Првиот дел од средбата мина без возбудувања. Двете екипи немаа ниту еден шут во рамките на головите. Сепак голем пех за Дејвид Мојс беше повредата на голманот Лукаш Фабијански, кој беше заменет од Дејвид Мартин. 

Веќе по паузата Шефилд тргна поофанзивно. Најава на водството освен иницијативата беше и одличната шанса на Флек, чиј шут заврши веднаш до стативата. Резултатот беше отворен во 53. минута, кога по едно недоразбирање во одбраната на Вест Хем, топката заврши во нозете на Флек, кој излезе сам пред голманот Мартин. Тој несебично го проигра Мек Бурни, кој лесно го матираше чуварот на мрежата. 

Самиот финиш му припадна на тимот воден од Мојс, бидејќи гостите презедоа иницијатива и напаѓаа, а шанси се реде преку Ланцини и Халер. Тоа резутираше со гол на Снодграс, по асистенција на Деклан Рајс, но по преглед на ВАР истиот беше поништен. 

Дејвид Мојс и Вест Хем го пречекуваат Евертон во следното коло од Премиер лигата, додека Шефилд Јунајтед гостува кај Арсенал.

Состави

Chris Wilder

3-5-2

    Manuel Pellegrini

    4-4-1-1