По три кола падна првата тренерска жртва во Примера: Марселињо доби отказ од Валенсија

По само три одиграни кола падна првата тренерска жртва во Примера, откако раководството на Валенсија донесе одлука да му врачи отказно решение на тренерот Марсењино. 

Наводно, главниот акционер на „лилјаците“ Питер Лим не бил задоволен од досегашната работа на својот тренер во новата сезона, иако лани под водство на Марселињо тимот успеа да се врати во европската елита и да учествува во Лигата на шампионите. 

Според информациите кои доаѓаат од Валенсија, многу веројатно уште денес ќе биде претставена замената на Марселињо, а таа ќе биде поранешниот селектор на У21 селекцијата на Шпанија, Алберт Селадес. 

По три одиграни кола Валенсија има скор од една победа, едно реми и еден пораз, а овој викенд ја очекува гостување кај шампионот Барселона