По стапките на Венгер: Артета и Арсенал потпишаа нов договор! 

Актуелниот шампион на Премиер лигата, Арсенал, продолжи со политиката на континуитет и го продолжи договорот со својот менаџер Микел Артета. Шпанскиот стратег веќе ја започна својата седма година на клупата на „топџиите“, а со новиот договор ќе остане во Лондон најмалку до 2030 година.

Арсенал низ својата историја имал шест тренери кои поминале најмалку девет години во клубот во еден мандат. Рекордер е легендарниот Арсен Венгер, кој цели 22 години го предводеше клубот.

Ако Артета го одработи целиот нов договор, тој ќе помине нешто помалку од 11 години на клупата на Арсенал и ќе стане третиот најдолговечен тренер во историјата на клубот. Пред него ќе останат само Венгер и Џорџ Алисон, кој го водеше Арсенал 13 години, од 1934 до 1947 година.

Интересно е што сите тренери кои поминале девет или повеќе години на клупата на Арсенал успеале да ја освојат шампионската титула. Истото му успеа и на Артета, кој во седмата година од својот мандат го врати трофејот во Северен Лондон.

Артета, сепак, е тренерот кој најдолго чекал на шампионската титула, бидејќи Арсенал му даде доверба и покрај шестгодишниот период без успех во Премиер лига. Покрај шампионската титула, Шпанецот со Арсенал го освои и ФА Купот во 2020 година, како и три Комјунити Шилдс.