По СП во Бразил му предвидуваа успешна кариера, но Очоа ги изненади сите со новиот клуб!

Еден од најдобрите голмани на последното Светско првенство во Бразил, Гилермо Очоа, ги изненади сите свои фанови, откако одлучи кариерата да ја продолжи во белгискиот прволигаш Стандард од Лиеж. 

Мексиканскиот голман, кој во последните три сезони беше член на Малага (последната бранеше како позајмен играч во Гранада), во Белгија замина како слободен фудбалер и со Стандард потпиша едногодишен договор. 

Исто така, Очоа изненади и со изборот на бројoт со кој ќе настапува за белгискиот тим, откако на грбот ќе ја носи „осумката“. 32-годишниот чувар на мрежата по Хорхе Кампос за многумина е најдобриот мексикански голман во историјата, а ќе биде запаметен по фантастичните одбрани на натпреварот против Бразил, токму на СП 2014 година, кога Мексико одигра 0-0 против домашните ѕвезди.