• Иван Димовски
Фудбалска Италија ја започна седмицата со тажна вест за смртта на Силвио Берлускони. Човекот кој беше сопственик на Монца, а претходно се прослави како најуспешен прв човек во историјата на Милан, по некое време боледување, почина на „чизмата“.
Иако многумина се погодени од смртта на Берлускони, калчолигашот Монца мора да размислува на иднината. Италијанските медиуми пишуваат дека клубот ќе му биде продаден на Евангелос Маринакис, грчкиот магнат и бизнисмен кој ги поседува Олимпијакос и Нотингем Форест.
Засега не се зборува за цифрата која Гркот би требало да ја плати на семејството Берлускони за мнозинскиот дел акции во Монца. Сепак, на големо веќе се најавува Маринакис како нов сопственик на клубот од предградието на Милано, а непознато е дали ќе се менува клупската структура.