По скандалот со продавање билети на СП, Чосиќ доби отказ од ХРТ

Драго Чосиќ, легендарниот спортски коментатор, очекувано заработи отказ од националната телевизија на Хрватска, поради скандалот со нелегално продавање на билети за време на Светското фудбалско првенство. 

Чосиќ, добил дури 40 ВИП влезници и истите ги продавал во текот на целиот Мундијал во Русија, а некои од нив достигнале вртоглава цена од 18.500 евра. Благодарение на брзата реакција на ФИФА и Европската унија за јавни телевизии (ЕБУ), билетите навремено биле блокирани од продажба и веднаш беше пронајден сторителот на ова незаконско дело, во случајот хрватскиот коментатор. 

Истрагата сè уште трае, и Чосиќ сигурно ќе бие судска битка за овој скандал, а од вчера е без работа, откако Хрватската телевизија му врачила отказно решение. Покрај легендарниот коментатор, од ХРТ најавија дека ќе отпуштат уште неколку високи функционери кои дозволиле прекрасната хрватска бајка во Русија да има и црна дамка.