По шест месеци во Тетекс, Андреј Јаневски се врати во редовите на Кожуф

Екипата на Кожуф успеа да го врати во своите редови Андреј Јаневски. Младиот фудбалер за врска ова лето се пресели во таборот на Тетекс, но по само една полусезона реши да се врати во Гевгелија. 

Офанзивниот играч за врска потекнува од школата на Работнички, а во својата кариера освен во Тетекс и Кожуф настапуваше и за екипите на Еуромилк Горно Лисиче и Борец. Јаневски во текот на летниот преоден рок реши да замине од Кожуф и да заигра за Тетекс. 

Сепак, гевгеличани посакаа и успеаа да го вратат во своите редови играчот кој мина две ипол сезони во дресот на Кожуф. Јаневски кој е роден 1999 година, за време на престојот во Гевгелија беше еден од главните играчи во тимот, па така ја ужива довербата на челниците и стручниот штаб.

Прочитајте повеќе околу тековните трансфери во Македонија и светот на ОВОЈ линк.