По серијата потписи, тројца фудбалери ќе ја напуштат Ренова

По серијата продолжени договори во Џепчиште, челниците на Ренова остана без услугите на три фудбалери. 

Се работи за Фисник Зука кој се поврзува со Работнички, Меритон Салија и Љутфи Билали кои нема да настапуваат во дресот на „гипсарите“ за следната сезона. Од Ренова им се заблагодарија за сè што направиле за клубот на веќе поранешните играчи. 

  • Потврдата на Фејсбук профилот од Ренова: 

Досега, од тетовскиот тим заминаа Флоријан Кадриу и Бобан Миовски, а пристигна само Емран Рамадани и речиси целиот останат ростер ја продолжи соработката. 

Прочитајте повеќе околу тековните трансфери во Македонија и светот на ОВОЈ линк.