• Горан Упале

Екипата на Работнички беше единствената која што не го победи Шкупи во есенскиот дел од сезоната во ПМФЛ, но затоа денеска во пријателски натпревар славеше со убедливи 5-2.
На натпреварот одигран на стадионот „Борис Трајковски“ во Маџари, дебармаалци поведоа во седмата минута, но чаирчани израмнија во 28. минута. До крајот на првиот дел падна уште еден гол, по кој Работнички одново поведе.
Во продолжението Работнички брзо ја зголеми разликата на 5-1, додека Шкупи во самиот финиш, во 90. минута, само го ублажи поразот.
За Работнички два гола постигна Бошнаков , а по еднаш во листата на стрелци се запишаа Манојлов, Шаини и Подграѓа.




