По поразот од Висла бесни фанови на Легија физички ги нападнале играчите

Екипата на Легија од Варшава живее тешки моменти. Откако минатата сезона беа шампиони, сега фудбалерите на славниот полски клуб се последнопласирани во првенството. 

Иако играа и во групната фаза на Лигата на Европа, а таму успеаја да запишат и две победи со Лестер и Спартак Москва, Полјаците играат катастрофално во домашниот шампионат. Вчера Легија загуби на гостувањето кај Висла Плок (1-0), а тоа навистина ги налути навивачите. 

Според најавите на полските медиуми, фановите кои биле на ова гостување имале близок контакт со фудбалерите. Откако играчите и стручниот штаб на Легија се собрале во автобусот, во него влегле и група бесни навивачи. Најверните фанови на клубот и физички ги нападнале фудбалерите поради катастрофалните резултати. 

Легија по 16 одиграни натпревари во полското првенство е последна со 12 бода од четирите победи, но има дури 12 порази.