• Саше Љолес
Македонскиот стратег Чедомир Јаневски официјално не е повеќе на клупата на кипарскиот прволигаш Красасва. По серијата од пет порази во низа, раководството на клубот донесе одлука да се раздели со искусниот тренер и да потрага по ново решение кое ќе ја продолжи борбата за опстанок во најсилната кипарска лига.
Јаневски го презеде тимот во август, но по само три и пол месеци ја напушта функцијата, откако резултатите не беа на очекуваното ниво. Иако зад себе има богато искуство на Кипар, предводејќи ги Неа Саламис, Олимпијакос Никозија, Енозис и Етникос Ахна, сепак не успеа да донесе стабилност и позитивни резултати во првиот дел од сезоната.
Македонската јавност добро го памети и неговиот мандат како селектор на репрезентацијата на Македонија, функција што ја извршуваше од август 2012 до септември 2013 година.
Клубот во следните денови се очекува да назначи нов тренер кој ќе се обиде да ја промени атмосферата и да ја врати екипата во борбата за опстанок.
