По пет меча и 222 минути на терен, Јаја Туре го напушта Олимпијакос

По само три месеци откако пристигна во Пирејa, поранешната ѕвезда на Манчестер Сити и Барселона, Јаја Туре, се реши да ги напушти редовите на грчкиот гигант, Олимпијакос

Легендарниот играч за врска oд Брегот на Слоновата Коска не ги задоволи барањата на стручниот штаб на тимот на чело со португалскиот стратег Педро Мартинс. Досега одигра вкупно пет меча во сите натпреварувања, а на терен мина само 222 минути, па раскинувањето на договорот беше неизбежно. 

Според грчките медиуми, по заминувањето од Олимпијакос, Туре нема да остане без клуб, бидејќи за неговите услуги сериозно е заинтересиран турски Бешкикташ, кој е подготвен да ги исполни финансиските барања на 35-годишниот фудбалер.