• Горан Упале
Португалецот Бруно Лаж е назначен за нов тренер на Бенфика. Ова ќе му биде втор мандат на клупата на „орлите“, бидејќи претходно на истата функција беше пред пет години, кога го презеде тимот од Лисабон.
Во тој период имаше многу успеси. Веднаш ја освои титулата и беше прогласен за најдобар тренер во сезоната. Лаж остана до летото 2020 година, кога следеше повикот од Вулверхемптон, каде што остана само една сезона. Последен клуб кој го тренираше беше Ботафого во Бразил.
Прв ривал на Бруно Лаж во новиот формат на Лигата на шампионите ќе биде тимот на Црвена звезда на 19 септември на стадионот Рајко Митиќ. Како подготовка за тој натпревар Бенфика ќе има против Санта Клара во домашниот шампионат.