По осум години прекината шпанската доминација во Суперкупот

По осум последователни победи на шпанските екипи, прекината е доминацијата на Примера победи во Суперкупот на Европа. Извесно беше дека титулата се сели во Англија, а од вечерва се знае дека ќе се слави во црвената половина на Ливерпул.

Победата по изведување на пенали против Челзи од 5-4 е четврти Суперкуп во витрините на славниот клуб од „Енфилд“.

Шпанската доминацита во Суперкупот на Европа: 
Севиља - Барселона 3-0
Атлетико Мадрид - Челзи 4-1
Барселона - Шахтјор 1-0
Реал Мадрид - Севиља 3-2
Барселона - Севиља 5-4
Реал Мадрид - Севиља 2-0
Реал Мадрид - Манчестер Јунајтед 2-1
Атлетико Мадрид - Реал Мадрид 4-2
Ливерпул - Челзи 2-2 (5-4)

Шпанските екипи и натаму се најуспешните на вечната листа, а премиерлигашите само ја заокружија незаборавната 2019-та со три титули во неполни три месеци.