По неуспешните обиди со Азар, Кејн, Мбапе...: Реал ќе дава 120 милиони за ѕвездата на Валенсија!?

По неуспешните обиди да ги доведе Азар, Мбапе, Нејмар, Кејн, европскиот шампион Реал Мадрид сè уште е во потрага по замената за Кристијано Роналдо, кој ова лето за 117 милиони евра го засили италијански Јувентус. 

Според последните објави на шпанските медиуми, првиот човек на „кралевите“ се насочил кон ѕвездата на Валенсија, Родриго, за кого ќе мора да одвои дури 120 милиони евра. 

„Доколку Реал Мадрид го посакува Родриго во своите редови, ќе мора да ја плати неговата откупна клаузула. Таа изнесува 120 милиони евра“, изјави тренерот на Валенсија, Марселињо. 

Реал Мадрид новата натпреварувачка сезона ја започна со болен пораз од Атлетико Мадрид во Суперкупот на УЕФА, додека синоќа Примера ја отвори со победа од 2-0 над Бетис.