По Марсијал и Џонс: Ешли Јанг го продолжи договорот со Манчестер Јунајтед

Настрана од одличните резултати оваа година, екипата на Манчестер Јунајтед засилено работи и на продолжување на договорите на своите клучни фудбалери. 

По младиот Антони Марсијал, кој до 2024 година ја продолжи соработката со „црвените ѓаволи“, и дефанзивецот Фил Џонс, денес раководството на клубот си подаде рака и со искусниот Ешли Јанг. 33-годишниот принуден лев бек потпиша нов договор со англискиот гигант, и на „Олд Трафорд“ ќе остане најмалку до јуни 2020 година. 

Според најавите на британските медиуми, Јунајтед во следниот период ќе „бетонира“ уште неколку првотимци (Херера, Де Хеа, Рашфорд и Мата), а многу веројатно ќе му ја даде довербата на Оле Гунер Солскјер за менаџер на клубот.