По Лукаку уште еден фудбалер на Јунајтед потпиша за Интер

Италијанскиот гигант Интер обезбеди уште едно засилување од редовите на Манчестер Јунајтед. По доведувањето на Ромело Лукаку, Конте и Интер го договориле потписот на искусниот бек на „ѓаволите“ Матео Дармијан, но овој премин ќе се реализира следното лето, кога на Италијанецот ќе му заврши договорот со англискиот тим. 

29-годишниот Дармијан никако не може да се избори за првотимски статус во редовите на Јунајтед иако на „Олд Трафорд“ пристигна како големо дефанзивно засилување кое може да одговори и како лев и како десен бек.

Во Јунајтед се пресели во јуни 2015 година за 18 милиони евра, но одигра само 60 натпревари и постигна еден гол.