По кој знае кој пат во кариерата: Нејмар се повреди на роденденот на неговата сестра

Старо-новата ѕвезда на Сантос, Нејмар, поради повреда ќе биде надвор од терените на неодредено време, пренесуваат бразилските медиуми.

Нејмар не играше на неделниот натпревар против Коринтијанс (1-2) во полуфиналето на плеј-офот на бразилската Паулиста.

„За жал, чувствував болка во последните неколку недели. Многу сакав да му помогнам на тимот, ги направивме тестовите, но повторно почувствував болка“, напиша Нејмар на социјалните мрежи.

Бразилските медиуми посочуваат дека искусниот офанзвиец не објаснил за каква повреда станува збор. Нејмар фрла гориво на најголемиот фудбалски заговор затоа што заработил повреда само 24 часа пред роденденот на неговата сестра. Интересно е што Нејмар се повредува по којзнае кој пат во кариерата во времето кога неговата сестра слави роденден, а тоа е 11 март.

Неодамна доби повик да се приклучи на бразилската репрезентација, но поради повредата најверојатно ќе ги пропушти натпреварите против Колумбија и Аргентина во квалификациите за СП 2026 година.