ВИДЕО: По кој знае кој пат – како Де Хеа со чудесна одбрана го спаси Јунајтед

Екипата на Манчестер Јунајтед извојува херојска победа во големото градско дерби со Сити, откако на „Итихад“ славеше со 1-2 (0-2). 

Ретко кој очекуваше дека „граѓаните“ ќе бидат така надиграни од Јунајтед, особено во првиот дел во кој и го постигнаа два гола во мрежата на Едерсон. Во вториот пак „ѓаволите“ се повлекоа, но на голот го имаа неверојатниот Давид Де Хеа. Шпанскиот чувар на мрежата повторно имаше блескаво издание, а тоа го потврди пред самиот крај, кога со чудесна одбрана не дозволи Марез да го надмудри и да го израмни резултатот. 

Интервенцијата на Де Хеа на „Итихад“:

За Јунајтед головите ги постигнаа Рашфорд и Марсијал, додека за домаќините стрелаше резервистот Отаменди.