По катастрофата со Монако: Тјери Анри добил нова понуда

Легендата на Арсенал и францускиот фудбал, Тјери Анри не може да се пофали со успех во својот прв предизвик како тренер во редовите на Монако. Од таму доби отказ по само три месеци, но најверојатно неговата пауза од фудбалските терени набрзо ќе заврши оти на маса добил нова понуда. 

Како што пишуваат британските медиуми, Анри има можност да се врати во редовите на белгиската фудбалска репрезентација, откако селекторот Роберто Мартинез повторно му ја понудил асистентската улога. 

Французинот и пред да добие шанса да биде самостоен тренер со големи успеси ја извршуваше оваа функција во белгиската репрезентација, па затоа Мартинез посакува да го врати во својот стручен штаб.