• Мартин Танасковски
Германскиот бундеслигаш Борусија Дортмунд првпат по 10 години веројатно ќе остане без Лигата на шампионите, а тоа значи сериозен финансиски удар и за клубот, но и за играчите. По доаѓањето на спортскиот директор Себастијан Кел, платите на играчите во голема мера зависат од резултатите.
Според германските медиуми, секој играч ќе загуби по 20 отсто од годишната плата без да игра во елитното натпреварување. Платата е за 10 отсто помала доколку се обезбеди Лига Европа.
Исто така, нема да се исплаќаат бонуси во Дортмунд во текот на следната сезона доколку тимот не игра во Лигата на шампионите. Според договореното, нема бонуси за Лига Европа и Конференциската лига.
Сето ова значи дека во клупската каса ќе останат околу 30.000.000 евра повеќе, со што ќе се амортизира загубата на бонусите од УЕФА.