ВИДЕО: По еден месец конечно победа за Јунајтед, Челзи со „петка“ во мрежата на „волците“!

По победата на Ливерпул на отворањето на петтото коло на Премиер лигата и останатите фаворити од програмата од 16:00 часот забележаа сигурни победи. 

По трите кикса во низа, Манчестер Јунајтед и покрај проблемите со повредени играчи, им се врати на победите во англискиот шампионат и со 1-0 славеше на дуелот со незгодниот Лестер Сити. Човек на одлука за „ѓаволите“ беше Маркус Рашфорд, кој погоди од пенал уште во раната фаза од мечот. 

За разлика од Јунајтед, Тотенхем и Челзи беа далеку поубедливи. „Сините“ одиграа уште еден неверојатен натпревар, а на теренот на Вулверхемтон доминираше Абрахам. Откритието на Френк Лампард беше незадржлив за домашните фудбалер и мечот го заврши со три гола, додека за тимот од Лондон погодија уште младите Томори и Маунт. Кај домаќините во листата на стрелците се запишаа Саис и Доерти (2-5). 

Тотенхем пак одигра моќни први 45. минути и со головите на Сон (2), Ламела и Ван Алхот (автогол) го надигра Кристал Палас со 4-0 Победа извојуваа уште Саутемпотон на гости кај Шефилд (0-1), а мечот меѓу Брајтон и Барнли заврши без победник (1-1).