ВИДЕО: По еден бод за Лориент и Брест во спектаклот со ШЕСТ погодоци

Фудбалерите на Лориент и Брест одиграа спектакуларен натпревар во рамките на осмото коло од француската Лига 1, а на крајот ривалите се задоволија со поделба на пленот и конечен резултат 3-3 (1-2). 

Гостите двапати беа во водство, но Лориент успеа да се избори за бод со голот на Самбу Сумано во 90. минута. Дина Ебимбе и Дел Кастиљо стрелаа за Брест, а автогол си постигна и домашниот играч Жан-Виктор Макенго. 

За Брест ова е трето реми сезонава и сега има девет бодови, додека Лориент е едно место подолу на табелата (13. позиција), со еден бод помалку од денешниот ривал. 

Тулуз немаше проблеми на домашен терен и го совлада тимот на Мец со убедливи 4-0, додека Рен освои само бод пред своите гледачи, откако ремизираше со Оксер (2-2).