По долгата борба со болест, почина првиот човек на Фиорентина

Претседателот на Фиорентина, Роко Комисо, почина денес на 76-годишна возраст, соопшти италијанскиот фудбалски клуб од Фиренца.

„Со голема тага, заедно со неговата сопруга Катерина, децата Џузепе и Мариса и сестрите Италија и Рафаела, ја објавуваме смртта на претседателот Роко Комисо. По долга борба со болест, тој нè напушти утрово“, се вели во соопштението.

Комисо почина во Соединетите Американски Држави, каде што живееше. Комисо, Италијанец по раѓање и натурализиран Американец, е роден во Марина ди Џојоза Јоника (Калабрија) на 25 ноември 1949 година. Тој беше сопственик на Фиорентина од летото 2019 година.

Под негово водство, клубот од Фиренца стигна до две финалиња на Конференциската лига и едно финале на Купот на Италија.