ВИДЕО: По далечната 2008 година Феенорд конечно освои трофеј

Фудбалерите на Феенорд се освојувачи на Купот на Холандија, откако во финалето кое се одигра на „Де Кујп“ стадионот во Ротердам го совладаа Утрехт со 2-1 (1-0). Феенорд ја освои својата 12. Куп титула, но ова е прв трофеј за клубот по далечната 2008 година.

Фудбалерите на Феенорд во водство дојдоа пред самиот крај на првото полувреме, откако Крамер погоди за 1-0. На самиот старт на вториот дел Утрехт го изедначи резултатот преку Луин во 51. минута. Победоносниот гол за Феенорд всушност беше дело на противничкиот играч Беднарек кој си даде автогол во 75. минута. 

По натпреварот една од легендите не Феенорд, Дирк Кајт изјави дека му се остварил неговиот сон.

„Освојувањето на трофеј со Феенорд беше мојот најголем сон. Ова би можело да се рече дека е мој најдраг трофеј“, изјави кратко Кајт.