По четири фудбалери на Реал и Борусија во идеалниот тим на ЛШ, а нема место за Мбапе

Европската фудбалска куќа - УЕФА, го одреди тимот на сезоната во Лигата на шампионите. Реал Мадрид ја победи Борусија Дортмунд во финалето на „Вембли“ пред два дена, па очекувано најмногу играчи доаѓаат токму од финалистите. 

Меѓу стативите УЕФА најде место за Грегор Кобел кој блесна и беше еден од најдобрите играчи на „милионерите“. Дефанзивната четворка ја сочинуваат Карвахал, Рудогер, Хумелс и Матсен. Во средината се одбрани Сабицер, Витиња и Џуд Белингем, додека во нападот се Винициус, Хари Кејн и Фил Фоден

  • Најдобрите единаесет во Лигата на шампионите:

Можеби е изненадување што во тимот нема играчи како Килиан Мбапе кој даде осум гола за ПСЖ во походот до полуфиналето. Покрај него солидни сезони одиграа Гризман и Халанд, ама предност доби Фоден.