По Чешмеџиев и Влатко Стојановски замина од Септември Софија

Македонскиот интернационалец Влатко Стојановски по една полусезона ги напушти редовите на Септември Софија. Бргу по информацијата за заминување на Костадин Чешмеџиев и вториот Македонец си оди од бугарскиот колектив. 

Стојановски пристигна во редовите на Септември Софија во февруари, како слободен агент по полусезона мината во Шкендија. Вкупно одигра девет натпревари, на кои запиша една асистенција. 

Сега, Стојановски е во потрага по нов клуб за следната сезона. Досега низ кариерата 26-годишникот смени многу клубови. Стојановски тргна од Металург, се рпесели во хрватските Сплит, Неретванац и Дугопоље, пред да се врати во Ренова. Токму за клубот од Џепчиште ги имаше најдобрите партии, а тоа му донесе трансфер во Олимпик Ним. Потоа кариерата преку Шамбле и Горица го доведе во Шкендија.