По Аргентинец, Мексиканец - Хавиер Агире нов селектор на Египет!

Фудбалската федерација на Египет за нов селектор на „фараоните“ го постави Хавиер Агире, кој го наследува Аргентинецот, Хектор Раул Купер. Мексиканецот се обврза на четиригодишен договор, а ќе заработува по 120.000 долари месечно.

Главна цел за Агире ќе биде пласман на Мундијалот во Катар, со што би се задржал континуитетот за пласирање на завршницата на Светското првенство, каде Египет во Русија се пласира по цели 28 години. Агире во својата кариера беше селектор на Мексико и Јапонија, а меѓу другите ги предводеше и тимовите на Атлетико Мадрид, Еспањол, Сарагоза и Осасуна.

На штотуку завршениот Мундијал во Русија, Египет во групната фаза запиша три порази, од Уругвај (0-1), Саудиска Арабија (1-2) и од домаќинот Русија (1-3). Во периодот од 2006 до 2010 година Египет трипати по ред го освојуваше африканските Куп на нации.