
По пауза од 95 години Атлетико Мадрид повторно пазареше од Англија и своите редови ги засили со одличниот десен бек, Киран Трипие.
На големо изненадување на повеќето фудбалски фанови, англискиот репрезентативец се реши да ги напушти редовите на Тотенхем и за сума од 30 милиони евра, се пресели на „Ванда Метрополитано“. Тој вчера стави потпис на договорот со шпанскиот вицешампион и веднаш му се стави на располагање на Диего Симеоне.
„Секогаш сакав да играм во странство, а Мадрид е остварување на желбата. Атлетико има одличен тим и неверојатен тренер. Овој тим играше важни финалиња, склопот на играчи и тренер е фасцинантен. Едвај чекам да научам нешто од Чоло, рече Англичанецот.
Претходно, „јорганџиите“ потпишаа со Жоао Феликс, Љоренте, Шапоњиќ, Херера, Фелипе...