ВИДЕО: По 70 години чекање Атлас стана шампион на Мексико

Фудбалскиот клуб Атлас по пауза од 70 години стана шампион на Мексико, откако во решавачкиот натпревар во финалето од плеј-офот по изведувањето на пенали беше поуспешен од тимот н Леон.

По поразот од 3-2 во првиот натпревар, Атлас на свој терен во Гвадалахара со голот на Алдо Роше во 55. минута славеше со минимални 1-0, па натпреварот отиде во продолженија.

Во дополнителните триесет минути мрежите мируваа, па сè беше решено во пенал-рулетот, во кој Атлас славеше со 4-3, благодарение на двете одбрани на колумбискиот голман Камил Варгас.

Алтас на тој начин ја освои втората титула во историјата на клубот, по онаа во сезоната 1950/51.