По 35 години на англиските стадиони се враќа стоечкиот сектор!

Во финалето на Лига Купот на Англија, за првпат по 35 години, ќе биде одреден сектор само за стоење. Финалето го играат Манчестер Јунајтед и Њукасл и за тој натпревар на навивачите на двата тима ќе им бидат поделени 867 билети за посебни сектори на „Вембли“.

Веќе долги години навивачите бараат на англиските стадиони да се вратат трибините без столчиња, а според сите индиции тоа би можело да се случи уште во финалето на Лига Купот кое ќе се одигра на 26 февруари.

Клубовите со години ги реновираат своите стадиони за да обезбедат услови за стоечки сектор, но сè уште се чека на одлука на челниците на англискиот фудбал. Во моментов такви услови има на стадионите на Тотенхем, Манчестер Сити, Челзи и Кардиф. Наскоро и на „Енфилд Роуд“, кој се уште не добил дозвола.

Стоечките сектори беа укинати по трагедијата во „Хилсборо“ во 1989 година, кога загинаа 97 луѓе.