ВИДЕО: По 13 победи по ред, Феенорд го „тресна“ првакот ПСВ Ајндховен

По 13 победи по ред, ПСВ Ајндховен конечно е поразен во холандскиот шампионат, откако во дуелот на последните два шампиони, загуби на „Де Кујп“ во Ротердам со 2-1 (2-0). Уморни од дуелот со Барса, избраниците на Марк ван Бомел, многу лошо му пријдоа на дуелот и примија два гола уште во првиот дел. 

Николај Јоргенсен и Сам Ларсон во интервал од само пет минути постигнаа два гола и ги потопија „филипсовците“. Поразот за првакот го ублажи Стивен Бергвијн во 72. минута.

Ајакс го искористи киксот на лидерот и славеше против Ден Хаг со 5-1 со головите на Нерес, Таљафико, Де Лихт, Ван де Бик и Долберг.

Сега „копјаниците“ заостануваат само два бода зад лидерот ПСВ Ајндховен по 14 одиграни кола.