По 13 години без бундеслигаш во четвртфиналето на ЛШ, Ајнтрахт последна германска надеж

Бундеслигата по 13 години нема да има претставник меѓу осумте најдобри екипи во Лигата на шампионите. Баерн Минхен, Борусија Дортмунд и Шалке 04 се елиминирани во првата нокаут рунда, а Хофенхајм не ја мина групната фаза, па дури и не се избори за третото место во групата и пласман во Лига Европа.

Во неделата на враќањето на англиската доминација во Лигата на шампионите, коефициентот на бундеслигашите драстично ќе опадне, па ако пред две години беа на чекор да ги минат премиерлигашите, сега ризикуваат да паднат на четвртото место дури и за Серија А.

Сепак, по новото бодување на УЕФА и четвртата најдобро рангирана нација има загарантирани четири учесници во групната фаза на Лигата на шампионите и следната сезона.

Честа на германските клубови остана да ја брани Ајнтрахт Франкфурт, кој утре во рамките на осминафиналето на Лига Европа гостува на „Џузепе Меаца“ во Милано против Интер.