По 12 години го нема Меси: ФИФА ја објави тројката која ќе се бори за најдобар фудбалер на годината!

Светската фудбалска федерација (ФИФА) ги откри трите имиња кои ќе се борат за престижната награда „Бест“ за најдобар фудбалер за 2018 година, а интересно е тоа што по цели дванаесет години нема место за Лионел Меси, најдобриот фудбалер на Барселона и Аргентина. 

На оваа листа се најдоа, ланскиот освојувач од церемонијата во Лондон, Кристијано Роналдо, египетската ѕвезда и најкорискиот фудбалер во Премиер лигата за изминатата сезона Мохамед Салах, како и најдобриот фудбалер на последното Светско првенство во Русија, Лука Модриќ.

Токму овие фудбалери ја водеа битката и за најдобриот фудбалер според УЕФА, која на крај му припадна на капитенот на Хрватска и член на Реал Мадрид, Модриќ. 

Исто така, Светската куќа на фудбалот ги објави и финалистите меѓу голманите. За оваа награда ќе се борат, Хуго Лорис, Каспер Шмајхел и Тибо Куртоа.