ПМФЛ-трансфери: Странците во прв план, Работнички и Шкупи најактивни

Прволигашите се будат од зимскиот сон, се е подготвено за враќање на македонскиот фудбал на сцената, а официјално заврши и преодниот рок во кој екипите можеа да носат нови играчи под договор со други средини.

Работнички и Шкупи беа најактивни во овој зимски преоден рок. Скоро сите се подготвуваа во Турција, а најдоа по некој нов играч. Актуелниот првак Шкендија се поднови со пет странски имиња, од нив еден со наш пасош, а слична беше ситуацијата и со другите клубови.

Од домашните фудбалери, повратници во мак-фудбалот се Томе Китановски (Македонија ЃП), Дарко Глишиќ (Шкупи) и Дин Аломеровиќ (Работнички). Единствен клуб кој не беше активен во овој преоден рок беше лидерот Вардар, поради забраната за трансфери од ФИФА.

ВАРДАР

Дојдоа: /

Заминаа: Никола Серафимов, Стефан Наумчевски

ШКЕНДИЈА

Дојдоа: Ардин Далку (Ворскла, Украина), Валон Ахмеди (Интер Запрешиќ, Хрватска), Нето (Бангор Сити, Велс), Јан Кривак (Карвина, Чешка), Абубакер Ес Сахал (Генгам, Франција)

Заминаа: Егзон Бејтулаи (Хелсингборг, Шведска), Зени Хусмани (Домжале, Словенија), Јакуп Бериша (Шкупи), Шефит Шефити, Стенио Жуниор (Рига, Летонија), Анџело Демај (Струга)

АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ

Дојдоа: Ангел Гранчов (Фљамуртари, Косово), Милан Басрак (Смедерево, Србија), Ндуе Мујеци, Мите Цикарски (Газ Метан, Романија), Бојан Најденов

Заминаа: Марко Рајковиќ, Марио Маслаќ, Давид Денковски, Давид Атанаскоски (Македонија ЃП, Михаил Маневски (Брегалница), Марио Крстовски (Работнички)

СИЛЕКС

Дојдоа: Бурхан Мустафов (Струга), Антонио Божиновски (Маџари), Ненад Маринковиќ (Мачва, Србија), Филип Осман (Колубара, Србија)

Заминаа: Андреја Ефремов (Влазнија, Албанија), Стефан Коцев (Енозис, Грција), Адријан Чаволи (Струмска Слава, Бугарија), Дарко Додев (Брегалница), Филип Дурански (Серед, Словачка)

МАКЕДОНИЈА ЃП

Дојдоа: Мартин Ковачев (Дунав Русе, Бугарија), Филип Петров (Борец), Давид Атанаскоски (Академија Пандев), Томе Китановски (Кукс, Албанија)

Заминаа: Благоја Спиркоски (Пелистер), Бенџамин Демир, Нето (Шкупи), Албан Сулејмани (Струга), Христијан Пецов (Работнички), Лука Трајкоски (Тиквеш)

СТРУГА ТРИМ ЉУМ

Дојдоа: Фјоралб Делај (Фљамуртари, Албанија), Седат Бериша (Дрита, Косово), Албан Сулејмани (Македонија ЃП), Анџело Демај (Шкендија)

Заминаа: Христијан Драгарски (Пелистер), Александар Далчески (Лабуништа), Бурхан Мустафов (Силекс), Агон Хајредин

ШКУПИ

Дојдоа: Јакуп Бериша (Шкендија), Бенџамин Демир, Нето (Македонија ЃП), Филип Лазаревски (Лабуништа), Дарко Глишиќ (Арда, Бугарија), Мирнес Мешиќ (Челик, БиХ), Чанберк Јурдакул (Бурсаспор, Турција), Фаолу Кеита (Сенегал)

Заминаа: Мевљан Адили (Влазнија, Албанија), Бојан Ѓорѓиевски (Кит-Го), Албан Мифтари, Марин Јурина, Филип Стојановски, Бесир Рамадани, Тулио, Басилио Ндонг (Вестерло, Белгија)

БОРЕЦ

Дојдоа: Дарио Десниќ (Кадино), Никола Радовиќ (Бачка Топола, Србија), Александар Атанасов, Никола Ристески, Фернандо Силва, Дарко Јоциќ

Заминаа: Симе Христов (Влазнија, Албанија), Филип Петров (Македонија ЃП), Владимир Жоглев (Скопје), Ѓорѓе Ивљанин, Јован Велев, Оливер Пеев, Филип Ристовски, Мартин Блажевски, Матеј Миленков

РЕНОВА

Дојдоа: Џелил Абдула (Љапи, Косово), Алуш Гавазај (Вуштрија, Косово)

Заминаа: Љавдрим Скендери (Гостивар), Алдрит Беќири

РАБОТНИЧКИ

Дојдоа: Бранислав Трајковиќ, Дин Аломеровиќ (Ла Нусија, Шпанија), Христијан Пецов (Македонија ЃП), Џордан Ломба Мпианди (Варем, Белгија), Милош Тошевски (Земун, Србија), Христијан Вецевски (Победа), Драшко Ѓорѓевиќ (Синѓелиќ, Србија), Јаник Дао (Австралија), Марио Крстовски (Академија Пандев)

Заминаа: Иван Марковиќ, Борха Кордоба (Пелистер), Кристијан Ацковски (Брегалница), Марио Станковски (Саса), Страхиња Крстевски, Јаго Силва, Немања Илиќ, Марко Клисура, Бошко Паповиќ, Оливер Дишлиевски

Натпреварите во ПМФЛ продолжуваат в сабота, со дуелот меѓу Вардар и Македонија Ѓорче Петров.