• Саше Љолес

Судиската комисија при Фудбалската федерација на Македонија ги делегираше арбитрите кои ќе ја делат правдата во првото коло од пролетната полусезона во ПМФЛ.
Искусниот Димитар Пилешков ќе истрча на центарот на теренот во Кавадарци, каде се среќаваат Тиквеш и Шкупи, а ќе му помагаат Ристо Ѓорѓиев и Роберт Црвенов.
Игор Стојчевски ќе го одработи големото дерби помеѓу Шкендија и Струга Трим Лум во Тетово, каде за помошници ќе ги има Дарко Видиниќ и Филип Ицковски. Натпреварот помеѓу Вардар и Арсими ќе биде воден од тетовчанецот Фуркан Идризи, а прилепчанецот Влатко Илиоски ќе биде задолжен за дуелот меѓу Силекс и Башкими.
Јован Качевски од Струга ја доби честа да го суди натпреварот помеѓу Пелистер и Работнички, а истата улога ќе ја има гевгеличанецот Доне Ристовски, кој го доби мечот меѓу Брера Струмица и Македонија ЃП.
Натпреварите од седумнаесеттото коло во ПМФЛ се играат на 10, 11 и 12 февруари.




