ПМФЛ: Шкендија тргнува со „пандевци“, Вардар против Македонија ЃП

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) преку ждрепка ги одреди паровите за сезоната во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ), која стартува во август.

Ждрепката посака во првото коло шампионот Шкендија да игра во Струмица каде гостува со Академија Пандев, додека Вардар ќе игра како домаќин, со Македонија Ѓорче Петров. Новајлиите Струга и Борец ги чекаат дуели со Работнички, односно Шкупи.

  • Прво коло:

Ренова - Силекс
Струга - Работнички
Шкупи - Борец
Вардар - Македонија ЃП
Академија Пандев - Шкендија

Сезоната во ПМФЛ стартува на 11 август, а завршува на 17 мај, поради Европското првенство (ЕП) во 2020 година.