Плетенките му беа заштитен знак, но поради нив мораше на операција

Препознатлив по сините плетенки, Бакари Сања некогаш беше еден од најдобрите десни бекови во светот, но не ни можеше да замисли колкава штета ќе му нанесе неговиот заштитен знак и на некој начин ќе му го загрози животот.

Денес, 41-годишниот Сања живее во Дубаи. Пензионерските денови се решил да ги поминува во светската метропола и понекогаш се појавува на одредени промотивни настани. Но, веста која самиот Французин ја откри на социјалните мрежи е вистинската драма што ја доживеа пред неколку месеци.

 
 
 
 

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Bacary Sagna (@therealbac)

Токму плетенките кои што беа негов заштитен знак можеа скапо да го чинат доколку навреме не ја забележаше грешката, поради што летово заврши на операционата маса и мораше да му се пресади коса.

„Носев плетенки со години и очигледно го оштетив скалпот. Не знаев што ме чека, но ми беше драго што го видов резултатот следниот ден. Без болка, без крварење", напиша Сања на социјалните мрежи.

Французинот се збогуваше од фудбалот во 2019 година, по што реши да се занимава со одредени деловни потфати, од кои еден беше продажбата на планинарски ранци.