• Горан Упале
Фудбалерите на Барселона рано го отворија натпреварот со Јанг Бојс во Лигата на шампионите, откако домашна радост донесоа по само осум минути игра.
Стрелец на голот беше Роберт Левандовски, кој на додавање на Рафиња се најде на вистинско место ја смести топката во противничката мрежа, Но, она што вреди да се издвои е прекрасната акција на момците на Флик во која учествуваа скоро сите фудбалери од средниот ред и нападот.
- „Плеј-стејшн“ акција на Барса и голот на Лева против Јанг Бојс:
За искусниот полски напаѓач ова е прв погодок во Лигата на шампионите оваа сезона.