Плеј-оф во ЛЕ: Погледнете кој против кого може во еврокупот!

Заврши групната фаза во Лигата на Европа и познати се сите учесници во 1/16-финалето и осминафиналето во второто натпреварување на УЕФА.

Меѓу најдобрите осум завршија Лацио, Атлетик Билбао, Манчестер Јунајтед, Тотенхем, Ајнтрахт Франкфурт, Лион, Олимпијакос и Ренџерс, а тие се директно во осминафинале. Ги чекаат ривалите од овие пресметки, а ќе има ждрепка за нив.

  • ПЛЕЈ-ОФ ВО ЛИГА ЕВРОПА:

Ференцварош/Порто - Рома/Плзен
Твенте/Фенербахче - Бодо/Андерлехт
Унион/ПАОК - ФЦСБ/Ајакс
АЗ/Митјиланд - Реал Сосиедад/Галатасарај

Ждрепката за 1/16-финалето и осминафиналето кој со кого вкрстува е во петок од 13:00 часот.