• Иван Димовски

Слично како и во Лигата на шампионите, УЕФА одржа ждрепка и за првата плеј-оф фаза во Лигата на Европа.
И во оваа прва нокаут рунда влетаа неколку квалитетни клубови, а најзвучно име беше италијанска Рома, но тука се и Порто, Фенербахче... Среќата посака дерби токму на португалскиот тим и „волчицата“.
- Плеј-оф парови во Лигата на Европа:
Ференцварош - Викторија Плзен
Унион Сен Жилоа - Ајакс
Порто - Рома
ПАОК - ФЦСБ
Твенте - Бодо/Глимт
АЗ Алкмар - Галатасарај
Фенербахче - Андерлехт
Мидтјиланд - Реал Сосиедад
Натпреварите од плеј-офот на Лига Европа ќе се одиграат на 13 и 20 февруари, додека исто така на 21 ќе биде закажана нова ждрепка во која ќе се одреди костурот до крајот на натпреварувањето.
