• Иван Димовски
Фудбалерите на Лос Анџелес и мексиканскиот гигант Клуб Америка ќе се судрат во плеј-ин натпревар за последната виза на Светското клупско првенство, потврдија од ФИФА. Дуелот кој ќе одлучи кој ќе патува на Мундијалот на клубови ќе се одигра на 1 јуни со почеток во 04:30 часот наутро по македонско време во Лос Анџелес.
Натпреварот е закажан откако Леон беше исклучен поради судир на интереси: истиот сопственик ги има и Леон и Пачука. Со тоа се ослободи едно место кое ќе биде пополнето преку овој плеј-ин.
The play-in for a spot at the #FIFACWC has been confirmed. #TakeItToTheWorld
— FIFA Club World Cup (@FIFACWC) May 16, 2025
Победникот од дуелот меѓу ЛАФЦ и Клуб Америка ќе се најде во групата Д на Светското клупско првенство, заедно со бразилскиот Фламенго, тунискиот Есперанс и англискиот премиерлигаш Челзи.