ВИДЕО: Плеа го врати Менхенгладбах на победнички патеки во Бундеслигата

Екипата на Борусија Менхенбладбах се врати на победнички патеки во Бундеслигата откако во дерби-дуелот со Баер Леверкузен, на гостински терен, успеа да слави со минимални 0-1 (0-1).

Голот вреден три бода падна во 37. минута, а го постигна Алсане Плеа. Французинот доби топка во шеснаесетникот од Хофман и откосо, силно биеше во мрежата на „фармацевтите“. До крајот, домаќините имаа голема иницијатива, но мрежата на Менхенгладбах мируваше на „БајАрена“.

Триумф забележа и Фортуна Дизелдорф, четврти во низа, совладувајќи го Аугсбург (1-2). Погодокот за победа го постигна Раман, кој го надмудри домашниот голман во 89. минута од мечот.

На останатите средби, Ајнтрахт Франкфурт беше поуспешен од Фрајбург (3-1), Вердер Бремен славеше кај Хановер (0-1), додека Штутгарт и Мајнц одиграа меч со пет гола и хепи-енд за гостите (2-3).