Платини ќе бара од УЕФА да му се исплатат заостанатите плати и бонуси

Мишел Платини

Поранешниот прв човек на Европската фудбалска федерација (УЕФА), Мишел Платини, преку суд ќе ги бара заостанатите плати и бонуси за изминатиот период.

Неговиот адвокат за јавноста потврди дека клиентот добил само плата за една година, од неговата суспензија во 2015 година. Според него, Французинот заслужува барем дел од трите милиони швајцарски франци, колку што му беше годишната плата додека ја извршуваше функцијата.

Тужбата ќе биде предадена на суд во наредниот период, а претставници од УЕФА не сакаа да ја коментираат оваа изјава на адвокатот на Платини.

По истекот на четиригодишната суспензија, поранешниот француски репрезентативец одново може да работи во фудбалот. 

Причината за неговата суспензија беше митото во висина од два милиони евра, кое го прими од страна на Светската фудбалска федерација (ФИФА) во 2011 година.