Плати во МЛС: Знаете ли кој е најплатен и колку заработува Мусовски?

МЛС објави официјални податоци за платите на фудбалерите во лигата, а очекувано на врвот се наоѓа Лионел Меси.

Ѕвездата на Интер Мајами заработува бруто 28.3 милиони долари по сезона, убедливо најмногу во американско-канадскиот шампионат.

На второто место е новата ѕвезда на Лос Анџелес, Хјон-Мин Сон, со годишна заработка од 11.1 милиони долари.

Трет најплатен играч во лигата е уште еден член на Интер Мајами и аргентински репрезентативец, Родриго Де Пол, кој заработува 9.7 милиони долари по сезона.

Во МЛС-лигата има еден македонски репрезентативец Дани Мусовски кој е дел од Сиетл Саундерс, тој заработува 712.924 долари бруто по сезона.