Платата е проблемот кој се испречува на трансферот на Халанд во Јувентус

Халанд

Ерлинг Халанд, новата ѕвезда на европскиот фудбал, посакува да се пресели во екипата на Јувентус, ако има се верува на медиумите на Апенините.

Одличната форма во дресот на Салцбург ги заинтересира многу клубови, кои го посакуваат во своите редови. Јувентус е фаворит за неговиот потпис, но се чини дека зделката нема така лесно да биде склучена.

Проблемот, како и секогаш, е платата која Норвежанецот и неговиот тим ја бараат од „старата дама“. Неговиот агент им даде до знаење на челниците на италијанскиот првак дека норвешкиот голгетер нема да прифати годишни примања помали од осум милиони евра.

Од таборот на „бјанконерите“ сметаат дека оваа сума е превисока за играч од кој не се очекува да има моментално влијание врз играта на Маурицио Сари.

На 22 натпревари во новата сезона, Халанд има запишано дури 28 погодоци и важи за еден од најдобрите стрелци на стариот континент.