Планот на Клоп во пресрет на финалето во Мадрид

Ливерпул

Германскиот стручњак Јирген Клоп за официјалната страница на Ливерпул изјави дека планира да направи мини-подготовки од две недели во пресрет на финалето на Лигата на шампионите.

Со завршувањето на Премиер лигата, целиот фокус на „црвените“ сега е кон Тотенхем и дуелот на 1 јуни на „Ванда Метрополитано“ во Мадрид.

„Ќе им дадам неколку слободни денови на момците, а потоа следуваат напорни две недели. Во нив ќе се подготвуваме максимално за финалето за да обезбедиме победа која што нашите фанови ја заслужуваат“ , вели тренерот на тимот од „Енфилд“.

Минатата сезона, Ливерпул загуби во финалето од Реал Мадрид најмногу благодарение на грешките на голманот Лорис Кариус. Тој ден по лошо ќе го памети и Мохамед Салах кој се повреди во првиот дел и порано замина во соблекувалната.

Мечот за титула во шпанската престолнина кој ќе го даде новиот европски шампион ќе се одигра на првиот ден од јуни со почеток од 21:00 часот.