ВИДЕО: Пјуник со супер-гол од 30 метри го шокира Шкупи пред своите гледачи

Екипата на Пјуник дојде до рана предност во натпреварот против Шкупи, со ефектен гол кој падна во раните минути од мечот.

Гостинот од Ерменија дојде до предност уште во 7. минута, кога ефектно стрелаше Артак Једигарјан. Тој доби топка од Шевчук и моќно биеше од триесетина метри, за предност на Пјуник.

  • Погодокот на Пјуник во Скопје:

Првиот натпревар меѓу Пјуник и Шкупи кој се одигра во Ерменија заврши без победник (3-3).