ВИДЕО: Пјатов херој на Шахтјор против Интер, Ајакс е класа за Бешикташ

Екипата на Интер не успеа да ја оствари целта и да победи во Лигата на шампионите. По две одиграни кола „нераѕурите“ имаат само еден бод, поради ремито на гостувањето кај Шахтјор Доњецк (0-0) на „Олимпискиот стадион“ во Киев.

  • Шахтјор - Интер 0-0:

Избраниците на Симоне Инзаги може да жалат, затоа што имаа повеќе од шансите. Интер во првиот дел имаше пречка преку Барела, а потоа зицер промаши и Един Џеко. Еден од нив да погодеше, ќе беше ситуацијата поинаква. Можности имаше и Шахтјор, но тие беа далеку понеопасни. 

Херој на украинскиот шампион е искусниот голман Пјатов. Интер имаше две прекрасни можности во две минути - прво Кореа во 86. минута, а потоа и Де Врај во 87. минута - ама ветеранот реагираше според планот и ја сочува својата мрежа недопрена.

  • Ајакс - Бешикташ 2-0:

Екипата на Ајакс како голем фаворит во Амстердам го совлада турскиот првак Бешикташ (2-0). „Копјаниците“ играат атомски фудбал во сите натпреварувања, а во Лигата на шампионите сега имаат две победи на две средби.

Работите околу победникот беа јасни уште по првото полувреме. Прво, во 17. минута резултатот го отвори Стивен Бергис по еден слалом и асистенција на Душан Тадиќ, а потоа пред финишот на првото полувреме погоди и Халер. Во второто полувреме имаше безброј шанси, но мрежата не се тресеше повторно. Ајакс имаше повеќе од можностите, додека Бешикташ даде еден гол, но беше поништен поради фаул, а најдобрата прилика за гостинот ја имаше Митчу Батчуаији.

Интер по ова реми е во проблеми. Тимот е третопласиран во групата Д и има по еден бод заедно со Шахтјор. „Нераѕурите“ уште го чекаат првиот гол во ЛШ. Ајакс со оваа победа дојде до 2/2 и сега на потег е Дортмунд. Ако „милионерите“ не победат, тогаш холандскиот првак ќе биде апсолутен лидер во групата Ц во елитата.

Состави

Roberto De Zerbi

4-4-2

    Симоне Инзаги

    4-4-2