Пјаниќ заминува од Барселона, зделката е пред финализација

Миралем

Миралем Пјаниќ ќе си замине од Барселона бидејќи не е во плановите на Роналд Куман.

Босанецот не се изнаигра откако пристигна од Јувентус. Сега е на чекор да се врати во италијанскиот гигант, каде одново ќе има можност да соработува со Масимилиано Алегри.

На фудбалерот му се брза да си замине, пред да почнат подготвителните натпревари на каталонскиот тим. Тој сака што поскоро да има јасна слика за својата иднина и за тоа каде ќе игра во претстојната сезона.

Пјаниќ зад себе ја остава најлошата сезона во кариерата и се надева дека ќе ја врати посакуваната форма на познат терен во Торино.

Прочитајте повеќе околу тековните трансфери во Македонија и светот на ОВОЈ линк.